свет

Разузнавачки извештај на САД: Саудискиот принц Мухамед бин Селман го одобрил убиството на Кашоги

Во извештајот, кој го составија централната разузнавачка агенција (ЦИА), Националната разузнавачка управа (ДНИ) и други разузнавачки агенции, заклучено е дека Селман го одобрил убиството на Кашоги

Dildar Baykan  | 26.02.2021 - Обновена : 28.02.2021
Разузнавачки извештај на САД: Саудискиот принц Мухамед бин Селман го одобрил убиството на Кашоги

ВАШИНГТОН

Американската разузнавачка заедница официјално потврди дека саудиски принц Мухамед бин Селман го одобрил убиството на новинарот Џамал Кашоги, јавува Агенција Анадолија (АА).

Американската разузнавачка заедница официјално го обвини саудискиот престолонаследник Мухамед бин Селман за убиството на колумнистот на „Вашингтон Пост".

Во извештајот, кој го составија централната разузнавачка агенција (ЦИА), Националната разузнавачка управа (ДНИ) и други разузнавачки агенции, заклучено е дека Селман го одобрил убиството на Кашоги во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул, во октомври 2018 година.

Американската Национална разузнавачка управа (DNI) го објави извештајот кој е подготвен во 2018 година, но администрацијата на Доналд Трамп не го објави јавно.

Во извештајот, кој го дадоа релевантни разузнавачки агенции, посебно Централната разузнавачка агенција (CIA), наведено е дека лицето кое го одобри убиството на Кашоги е саудискиот престолонаследник.

„Оваа проценка ја засноваме на престолонаследниковиот надзор над донесувањето на одлуките во Кралството и неговата поддршка за користење на насилните мерки за замолчување на неистомислениците во странство, вклучувајќи го Кашоги", се вели во извештајот.

Новинарот на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги е убиен во комплексот на саудискиот конзулат во Истанбул, на 2 октомври 2018 година, во кој тој ден отиде на закажан термин поради издавање на потребните лични документи за вечнавка.

По повеќедневното негирање, властите на Саудиска  Арабија признаа дека Кашоги е убиен, а потоа судот во Саудиска Арабија изрече смртни казни на петмина обвинети. Уште три лица обвинети добија затворски казни во вкупно траење од 24 години. Блиските соработници на принцот Бин Селман се ослободени од сите обвиненија.

Комесаријат за човекови права на Обединетите нации (OHCHR) во извештајот на 101 страница тврди дека убиството на Кашоги е чин кој Саудиска Арабија го изведе со предумисла. Во извештајот се наведува дека постојат валидни докази за неопходноста од спроведување на истрага за вмешаноста на највисоките саудиски функционери во тоа убиство, вклучувајќи го и принцот Бин Селман.

И американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) дојде до заклучокот дека принцот Бин Селман го нареди убиството на Кашоги, но Трамп застана во заштита на Бин Селман за да не се соочи со последици од тој чин и ја блокираше доставата на разузнавачките извештаи на пратениците на американскиот Конгрес.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.