Elena Teslova
06 Октомври 2022•Ажурирај: 07 Октомври 2022
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша уредба со која се одложува мобилизацијата на студентите, докторандите и лекарите резиденти, јавува Агенција Анадолија (АА).
Одложувањето важи за редовните и вонредните студенти на државните универзитети, колеџи и научни организации, во иновативните научни и технолошки центри и во духовните и едукативни организации.
Според уредбата, одложување на воената мобилизација добија редовните и вонредните студенти на државно акредитираните програми во државните образовни или научни организации.
Како што објасни Путин, новата уредба ги опфаќа и приватните универзитети со државна акредитација.
Претходно, рускиот претседател потпиша уредба со која се дозволува ослободување од мобилизација на повеќето студенти на универзитетите и колеџите.
На 21 септември Путин прогласи делумна мобилизација во земјата со која се опфатени околу 300.000 лица на возраст меѓу 18 и 50 години.
На 4 октомври, рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, рече дека повеќе од 200.000 лица се пријавиле за служба во рамките на делумната мобилизација.