Dmitri Chirciu
28 Јануари 2022•Ажурирај: 29 Јануари 2022
МОСКВА
Рускиот претседател Владимир Путин со Советот за безбедност разговараше за ажурирање на надворешната политика на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Путин одржа состанок со членовите на рускиот Совет за безбедност.
Во својот говор на отворениот дел на средбата, Путин истакна дека ќе разговараат за прашања поврзани со ажурирањето на руската надворешна политика.
Рускиот претседател нагласи дека руското Министерство за надворешни работи подготвило нацрт-документ на оваа тема.
„Се разбира, ова спаѓа во категоријата документи поврзани со стратешкото планирање. Министерството за надворешни работи во документот ги зеде предвид последните промени во светот. Дополнително, овде се наведени и важните промени што се случија во меѓународната политика во последните пет години“, рече Путин.
Тој, исто така, додаде дека рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ќе презентира извештај на оваа тема.
- Предлозите на Русија за безбедносни гаранции
Во декември 2021 година, Русија поднесе два нацрт-договори до Соединетите Американски Држави и НАТО, кои вклучуваа предлози за различни безбедносни гаранции.
Соединетите Американски Држави и НАТО писмено одговорија на овие предлози на 26 јануари.