Hakan Ceyhan Aydoğan
14 Јуни 2016•Ажурирај: 15 Јуни 2016
МОСКВА (АА) - Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, објави дека претседателот Путин наредил „моментална инспекција", јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјавата која што ја даде министерот Шојгу се вели дека во рамките на „моменталната инспекција" ќе се изврши супервизија на оружјето, магацините со воена опрема и одредени воени единици.
На тој начин, истакна министерот Шојгу, ќе се провери борбената готовност на руската војска и додаде дека во врска со програмата ќе бидат известени и странските воени атешеа.
Шојгу соопшти дека инспекцијата ќе трае до 22-ти јуни.
По вежбите на НАТО во Полска, режимот на „моментална инспекција" во кој се наоѓа Русија и претходно бил применуван за проверка на воената подготвеност.