Emre Gürkan Abay
30 Мај 2019•Ажурирај: 01 Јуни 2019
МОСKВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, истакна дека вештачката интелигенција овозможува големи предности во насока на квалитетот и ефективноста, и рече дека доколку некој стане монопол во областа на вештачката интелигенција, тој ќе владе со светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Путин во Москва учествуваше на евалуацискиот состанок во врска со настаните во областа на вештачката интелигенција.
Рускиот претседател нагласи дека треба да се придаде голема важност на развојот на технологијата на вештачката интелигенција. „Треба да го зголемиме буџетот за истражувањата во областа на вештачката интелигенција. Исто така, треба да се направат чекори за да им се отвори патот на приватните иницијативи“, додаде Путин.
Тој истакна дека вештачката интелигенција во реално време може да ги анализира огромните податоци преку механизмите за донесување брзи одлуки. „Тоа овозможува големи предности во насока на квалитетот и ефективноста. Доколку некој стане монопол во областа на вештачката интелигенција, тој ќе владее со светот“, рече рускиот претседател.
Според него, брзо се зголемува развојот во насока на генерирање нови производи и решенија.
„Борбата за технолошко лидерство, пред сѐ во вештачката интелигенција, веќе стана област на глобална конкуренција. Вештачката интелигенција е една од клучните рути на технолошкиот развој, бидејќи тој ќе ја определи иднината на светот“, нагласи Путин.
Тој рече дека бројни земји ги определиле своите стратегии за вештачка интелигенција.
„Ние мора да обезбедиме технолошки суверенитет во областа на вештачката интелигенција. Ова е најважниот елемент за нашата економија и трговија, квалитетот на животот на руските граѓани, како и за безбедноста и одбраната на државата. Треба да најдеме глобални решенија кои во која било индустриска област ќе овозможат максимална ефективност“, истакна рускиот претседател Владимир Путин.