Emre Gürkan Abay
14 Мај 2024•Ажурирај: 15 Мај 2024
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин за свој заменик го именуваше поранешниот секретар на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев, јавува Анадолу.
Путин потпиша декретот со кој се извршени именувања за административното раководство на Кремљ.
Така, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, шефот на претседателската администрација, Антон Вајно, и советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, ги задржаа своите позиции.
Поранешниот секретар на рускиот Совет за безбедност, Патрушев, и поранешниот гувернер на Тула, Алексеј Дјумин, беа назначени за заменици на Путин, што одговара на функцијата советник.
Думата, долниот дом на рускиот Парламент, денеска ќе гласа за кандидатурата на министри предложени од рускиот премиер Михаил Мишустин да бидат во новата влада.
Путин директно ќе ги именува министерот за надворешни работи, министерот за одбрана, министерот за правда, министерот за вонредни ситуации и министерот за внатрешни работи без одобрение на Думата, во консултација со Советот на Федерацијата, горниот дом на рускиот Парламент.