Mustafa Keleş
08 Јуни 2017•Ажурирај: 08 Јуни 2017
ЊУЈОРК (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, исткана дека никој нема да преживее доколку дојде до војна меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Познатиот американски и светски режисер, Оливер Стоун, го сними документарниот филм „The Putin Interviews“ во четири епизоди, во кој Путин зборува на теми значајни за односите на Русија со САД и НАТО.
Споделени се одредени делови од овој документарен филм во промотивни цели. Филмот ќе започне да се прикажува од следната недела, на дигиталната плаформа „Showtime“.
Во врска со прашањето: „Дали САД би била доминантна сила при можна голема војна?“ Путин одговорил: „Не верувам дека некој би преживеал во таа војна“.
Путин кој одговарал и на прашањата во врска со НАТО, тврди дека НАТО станал инструмент на САД, за нивната надворешна политика, и дека во НАТО не постојат земји сојузници, туку земји кои се зависни од САД.
„Една земја кога ќе стане членка на НАТО, тешко може да го издржи притисокот на САД. Веднаш ќе имаат можност да постават вооружени системи во таа земја. Можно е веднаш да се започне со распоредување системи за анти-балистички проектили, воени бази, како и нови системи за напад по потреба“, вели Путин.
Исто така, Путин изрази загриженост во врска со проширување на НАТО, и истакна дека Русија ќе биде принудена да преземе мерки против постојаното зголемување на заканите на НАТО врз руските граници и натрупувањето воени сили близу овие граници.
Истакнувајќи дека ситуацијата настанала тензична, Путин нагласи дека сѐ уште постои надеж за нормализирање на односите помеѓу САД и Русија.
Документарниот филм „The Putin Interviews“ во четири продолженија, на 12 јуни ќе почне да се прикажува на дигиталната плаформа „Showtime“.