Dmitri Chirciu
16 Септември 2024•Ажурирај: 19 Септември 2024
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за зголемување на бројот на војници во руската армија за околу 180.000, известува Анадолу.
Бројот на воениот персонал на Русија се зголеми на повеќе од 2,3 милиони.
Според указот потпишан од Путин и објавен во рускиот државен правен информативен систем, бројот на персоналот на Вооружените сили на Русија е утврден на 2.389.130 лица, вклучително и 1,5 милиони војници.
Одлуката ќе стапи во сила на 1 декември.
Со указот потпишан во декември 2023 година Путин го зголеми бројот на персоналот во руската војска на повеќе од 2,2 милиони, вклучително и повеќе од 1,3 милиони војници.