Rabia İclal Turan
12 Април 2023•Ажурирај: 12 Април 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Најмалку едно лице е убиено, а три се ранети во пукотницата што се случи пред погребално претпријатие во Вашингтон, веднаш по извршен погреб, јавува Анадолу.
„Вооружен напаѓач застрела неколку луѓе кои стоеја надвор“, изјави шефот на Метрополитанската полиција, Роберт Конти.
Тој додаде дека пукотницата се случила дваесетина минути по спроведениот погреб и засега не е позната причината.
„Во овој момент, се чини дека неколку луѓе биле цел на нападот“, наведе Конти.
Во понеделникот во американскиот град Луисвил во банка се случи пукотница, во која животот го загубија 5 лица, а осум се ранети, меѓу кои и двајца полицајци.