Bilgin S. Şaşmaz
29 Јули 2018•Ажурирај: 30 Јули 2018
ЧИКАГО (АА) - Група демонстранти меѓу кои имаше и жртви на сексуална злоупотреба одржаа протест во американскиот град Чикаго, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите се собраа во паркот „Џејн Брн“ до улицата „Мичиген“, а по одржаните говори мирно маршираа под надзор на полицијата.
Голем број лица ги поддржаа протестите, во кој демонстрантите го изразија својот револт против случаите на сексуална злоупотреба, мигрантската политика во земјата, како и против насилството на полицијата.
Демонстрантите извикуваа пароли како: „Што ќе правиме ако мигрантите се изложени на напад, ќе станеме и ќе се бориме“, „Секогаш иста приказна, кривично дело е да се биде црномурест“, и „Ако нема правда, нема ниту мир, „Не за расистички полицајци“, и носеа транспаренти: „Да се стави крај на силувањата, поддршка за жртвите“, „Не за силување“, и „И жените со хиџаб се изложени на силување“.
Протестот, покрај на Американците, го привлече вниманието и на туристите. Протестот заврши без инциденти.
Во демонстрациите на оваа група одржани изминатите години полицијата приведе голем број демонстранти.