Elena Teslova
27 Март 2018•Ажурирај: 27 Март 2018
МОСКВА (АА) - Неколку илјади лица денес одржаа протести во сибирскиот град Кемерово, повикувајќи ги властите да го објават точниот број жртви, настрадани во инцидентот со пожар во трговскиот центар, Anadolu Agency (AA).
Како што велат демонстрантите, за време на пожарот во трговскиот центар се наоѓале 1.500 лица.
Извикувајќи „вистина, вистина“, тие ги обвинуваат властите дека кријат факти и го повикаа гувернерот на Кемерово да одговори на нивните прашања.

Демонстрантите, исто така, побараа од властите да им допуштат да ги посетат мртовечниците за да го идентификуваат бројот на жртвите.
Претходно, рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Кемерово и одржа состанок со регионалните власти. Тој рече дека инцидентот се случил како резултат на немарност за криминалот, но и на несовесност.
Руските официјални претставници вчера потврдија дека во пожарот загинале 64 лица во кои имало 9 деца.
„Околу 20 лица се спасени од зградата на трговскиот центар, додека околу 100 лица се евакуирани“, велат официјалните лица.
Истражниот комитет на Русија отвори два криминални случаи и тоа за прекршувања на правилата за заштита од пожарот и предизвикување смрт поради немарност.