Hakan Ceyhan Aydoğan
26 Март 2017•Ажурирај: 27 Март 2017
МОСКВА (АА) - Руските медиуми, повикувајќи се на полициски извори, соопштија дека на денешните демонстрации на опозицијата во Москва приведени се повеќе од 500 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрации за поддршка на Алексеј Навални се одржаа во голем број руски градови, меѓу кои и во Москва и Санкт Петербург.
Протестите беа организирани откако лидерот на опозицијата, Навални, објави извештај во кој се наоѓаат тврдења за корупција на рускиот премиер Дмитриј Медведев.
Московската полиција презеде високи безбедносни мерки, а голем број на луѓе во попладневните часови почнаа да се собираат на улицата Тверскаја и плоштадот Пушкин.
Меѓу многумината приведени е и Навални, кој беше приведен на излезот од метрото.
Демонстрантите се обидоа да го спречат минувањето на полициското возило во кое се наоѓаше Навални.
Повремено доаѓаше до судир меѓу припадниците на безбедносните сили и демонстрантите. Официјалните податоци покажуваат дека на протестите присуствувале околу осум илјади луѓе.