Oktaj Omeragikj
16 Ноември 2025•Ажурирај: 17 Ноември 2025
ШАРЛОТ - Во американскиот град Шарлот, во сојузната држава Северна Каролина, се одржа протест против операциите на Службата за имиграција и царина (ICE) и имиграциските политики на администрацијата на Трамп, известува Анадолу.
Собрани во центарот на градот, демонстрантите изразија поддршка за имигрантската заедница, загриженост за зголемените рации на ICE, како и за активностите на граничната патрола во градот.
Во текот на маршот, учесниците скандираа разни слогани и носеа транспаренти со критики за постапките на администрацијата на Трамп.
Демонстрантите за време на протестот повикаа на безбедност и заштита на правата на имигрантите.