?kipa
13 Јули 2017•Ажурирај: 15 Јули 2017
ХАН ШЕЈХУН (АА) - Семејствата на убиените Сиријци во нападот со хемиско оружје во регионот Хан Шејхун се собраа денес за уште еднаш да ја повикаат меѓународната заедница да изврши притисок на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, но и да не се заборави нападот во којшто загинаа невини луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
Во нападот со хемиско оружје во Хан Шејхун, на почетокот од април оваа година загинаа најмалку 100 лица, а над 500 ги почувствуваа последиците од вдишувањето на отровниот гас.
На 100. ден од нападот се собраа членовите на семејствата на убиените кои бараат да се задоволи правдата за сите невини убиени цивили.
Носеа фотографии од убиените Сиријци, меѓу нив и голем број деца. На еден од транспарентите пишуваше: „Напад со хемиско оружје 4.4.2017“.
Абдулхамид eл-Јусуф во нападот ги изгуби децата близнаци кои имаа само девет месеци.
„Ја изгубив ќерката Аја и синот Ахмед. На 100. ден од нападот, тука се собраа ожалостените семејства. Се собравме за овој напад да не се заборави“, порача Јусуф.
Тој додаде дека сакаат сите да се солидаризираат со сирискиот народ и да не се заборават жртвите, но и сторителите на ова злосторство.