Ahmet Gürhan Kartal
04 Февруари 2019•Ажурирај: 04 Февруари 2019
ЛОНДОН (АА) - Остатоците од авионот што исчезна пред две недели во близина на Каналските Острови, во кој беше и аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала, пронајден е во неделата од страна на приватен брод за пребарување, пренесува Anadolu Agency (AA).
Британските медиуми јавија дека бродот ангажиран од семејството на Сала го забележал авионот.
Авионот „Пипер Малибу“ исчезна од радарот на 21 јануари на летот од Нант, Франција, за Кардиф, во Велс. Во леталото со аргентискиот фудбалер бил пилотот Дејвид Иботсон.
Дејвид Мернс, кој водеше приватна истрага во име на семејството Сала, во објава на социјалната мрежа Твитер истакна дека остатоците од авионот се лоцирани утрово во близина на Гернзи.
Тој изјави дека местото каде се пронајдени остатоците од авионот е испратено до Одделението за истраги за воздухопловни несреќи (AAIB) во Британија, кое потоа дојде до авионот користејќи свој подводен пребарувач.
Мернс додаде дека полицијата ги известила семејствата Сала и Иботсон.
„Нашите мисли вечерва се со семејствата на Емилијано и Дејвид и пријателите“, напиша Мернс.
Потсетуваме, неодамна Сала потпиша за Кардиф Сити, што му обезбеди трансфер од францускиот клуб Нант вреден 15 милиони фунти.