Seda Sevencan
07 Септември 2022•Ажурирај: 14 Септември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Документите пронајдени на имотот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Флорида при претресот на ФБИ минатиот месец вклучуваат информации за воената одбрана на друга земја, меѓу кои и нејзините нуклеарни капацитети, објави денеска „Вашингтон пост“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Некои од запленетите документи детално ги прикажуваат тајните операции на САД толку строго чувани што многу високи функционери за национална безбедност не се информирани за нив. Само претседателот, некои членови на неговиот кабинет или функционер на ниво на Владата би можеле да овластат други владини функционери да знаат детали за овие програми со специјален пристап“, се вели во веста, цитирајќи лица запознаени со ова прашање.
Исто така, не е именувана земјата чии одбранбени и нуклеарни капацитети се наведени во документот.
Според извештајот, таквите документи бараат посебни одобренија врз основа на потребата да се знае, а не само за строго доверливо.
На почетокот на август, резиденцијата на Трамп „Мар-а-Лаго“ во Флорида беше претресена од ФБИ, за што остро поранешниот претседател остро реагираше на, како што го нарече, „нападот без преседан“, обвинувајќи ги неговите политички противници за користење на правосудниот систем како оружје. Аналитичарите истакнаа дека преземањето доверливи документи од страна на американскиот претседател по напуштањето на Белата куќа е, исто така, без преседан.
Според судскиот документ поднесен од Министерството за правда синоќа, над 100 доверливи записи, вклучително и одредени материјали означени со највисоко ниво за доверливост, биле пронајдени на имотот на Трамп.
„Федералните доверливи документи најверојатно биле „сокриени и отстранети“ од складиштето во резиденцијата во обид да се „опструира“ тековната истрага на ФБИ за потенцијалното неправилно раководење на Трамп со доверливите материјали“, соопштија од одделот.
Попречувањето на правдата сега се чини дека е централната насока на федералната истрага, која беше отворена за да се испита наводното преместување на доверливите владини документи од Белата куќа од страна на Трамп кога тој ја напушти неговата функција во јануари 2021 година.