Ata Ufuk Şeker
21 Септември 2020•Ажурирај: 22 Септември 2020
БРИСЕЛ (АА) - Претставниците на туристичкиот сектор, кои работат во европските земји, повикаа на укинување на одредени ограничувања, меѓу кои и задолжителниот карантин, воведен поради пандемијата на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претставниците на 25 организации, меѓу кои Советот на меѓународните аеродроми, Европската авиокомпанија, Здружението на туристичките агенции во Европа, Федерацијата на превозници во Европа, Здружението на вработени во туристичкиот сектор, челниците на Европската комисија, како и Урсула фон дер Лејен, упатија заедничко писмо во кое побараа примена на заедничките критериуми во врска со ограничувањето на патувањата во ЕУ.
Тие потсетија дека 27 милиони луѓе во Европа работат во секторите поврзани со авиосообраќај, железнички сообраќај, патувања, хотели, ресторани и кафулиња, и дека тие сектори се важни за економијата.
Наведоа дека одредени земји на ЕУ без причина оневозможиле патувања преку границите и повикаа на укинување на мерките за задолжителниот карантин по патувањата.
Во писмото од ЕУ е побарано да заземе клучна улога во развојот на заедничкиот протокол, кога станува збор за тестовите за присутност на Ковид-19.
Во многу европски земји моментално е на сила практиката за задолжителен карантин по патувањето во странство, особено во подрачјата со зголемен ризик.
Во одредени земји периодот на карантин може да биде укинат врз основа на негативниот резултат за присуство на вирусот. Сепак, сè уште не постои единствена политика на подрачјето на ЕУ.