Talha Yavuz
26 Февруари 2021•Ажурирај: 27 Февруари 2021
КИЕВ
Украинскиот претседател Владимир Зеленски истакна дека Крим е срцето на неговата земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Зеленски, во видео пораката што ја сподели на Фејсбук по повод 7-годишнината од „Настаните од 26 февруари“, наведе дека пред 7 години граѓаните на Крим ја одржаа најголемата демонстрација за поддршка на територијалниот интегритет на Украина.
Потсетувајќи дека 26 февруари е прогласен за Ден на отпор за окупацијата на Крим, Зеленски истакна дека тие никогаш нема да го заборават тоа што се случи во 2014 година.
Зеленски наведувајќи дека Крим е срцето на Украина, рече: „Пред 7 години ни го извадија срцето. Никогаш нема да заборавиме кој го стори тоа и кој дозволи да се стори тоа“
Истакнувајќи дека едноставно нешто треба да се направи за да може неговата земја повторно среќно да се смее, Зеленски рече: „Срцето на Украина мора да се врати. Полуостровот Крим мора да се врати.“
Зборувајќи дека Украина ќе ја одржи првата Кримска платформа во пресрет на Денот на независноста со своите меѓународни партнери, Зеленски нагласи дека платформата е обид за ослободување на полуостровот и заштита на правата на Кримјаните.
Посочувајќи дека тој денес потпишал указ за ослободување и реинтеграција на Крим, Зеленски истакна дека со указот ќе се преземат чекори за поддршка на јазикот и културата на кримските Татари и заштита на правата на Кримјаните.