Burç Eruygur
29 Јануари 2023•Ажурирај: 30 Јануари 2023
МОСКВА (АА) - Вјачеслав Володин, претседател на Државната дума, Долниот дом на рускиот Парламент, денес ги обвини западните нации дека ја користат Украина како полигон за тестирање на своето оружје, известува Агенција Анадолија (АА).
„Денес Украина е полигон за обука на Вашингтон и НАТО каде го тестираат своето оружје и тестираат нови начини на водење војна“, изјави Володин.
Како што рече Володин, Западот не се обзира на животите на Украинците и гледа на нив како на предмети за еднократна употреба.
Володин тврди дека американскиот персонал е присутен на теренот во Украина.
„Сето тоа укажува на директно учество на Вашингтон во непријателствата“, рече Володин и додаде дека САД се плашат од загуба на контролата над својата „колонија“.
Според неговите зборови, „специјалната воена операција“ на Русија станала средство за „ослободување на граѓаните на Украина и словенските земји од американските колонизатори“.