Enes Canlı
18 Јуни 2020•Ажурирај: 19 Јуни 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Претседателот на Високиот државен совет на Либија, Халид ал Мишри, рече дека преговорите меѓу Турција и Русија за прашањето на Либија продолжуваат по принципите кој се прифатени и од либиската Влада, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мишри даде изјава за медиумите во однос на посетата министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, министерот за финансии и трезор, Берат Албајрак, шефот на Турската разузнавачка служба (МИТ), Хакан Фидан, и портпаролот на Претседателството на Турција, Ибрахим Калин, на Либија.
Наведувајќи дека состанокот бил сличен на средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, и дека се разговарало за проектите за развој на либиската држава и нејзините институции, Мишри рече: „На состанокот нагласивме дека ние ќе продолжиме да се спротивставуваме на нападите на Хафтар и дека ќе воспоставиме либиската Влада да владее низ целата земја.“
Мишри, одговарајќи на прашањето за преговорите помеѓу Турција и Русија во врска со Либија, нагласи:
„Преговорите меѓу Турција и Русија се поклопуваат со принципите што ги договоривме како влада. Преговорите продолжуваат, вратите не се затворени. Ние ги кажавме нашите принципи. Без разлика во која фаза, или на кој било начин, Калифа Хафтар нема место во иднината на Либија.“
- Порака за разновидна соработка -
Истакнувајќи дека турските компании, особено оние кои работат во областа на електричната енергија, инфраструктурата, одржувањето, аеродромите и пристаништата, ќе се вратат во оваа земја, Мишри рече дека ќе бидат започнати проекти кои директно ќе влијаат на животот на Либијците.
„Оваа посета нема да биде последна, ќе има и други посети на високо ниво“, нагласи Мишри.
На прашањето дали либиската Армија ќе ги продолжи своите операции за да го врати округот Сирт, кој е под контрола на милицијата на Хафтар, Мишри одговори: „Инсистираме на тоа дека целата либиска територија треба да биде под контрола на легитимната влада“.
Мишри исто така истакна дека на состанокот со турската делегација присуствувале либискиот премиер Фајиз ес Сараџ, одговорни лица од Либиската централна банка и други претставници на Владата.
Откако Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили на истокот на Либија, ѝ нареди на милицијата под негова команда да го заземаат главниот град Триполи, во земјата се случија насилства.
Либиската Армија, која од неодамна оствари голем напредок против милицијата на Хафтар, на 4 јуни го расчисти главниот град Триполи од милитантите.