06 Октомври 2021•Ажурирај: 07 Октомври 2021
БАКУ (АА) - Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, истакна дека неговата земја сака да воспостави односи со Ерменија и дека Европската Унија (ЕУ) може да ѝ помогне во тој поглед, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Алиев го прими Петер Михалко, новоименуваниот претставник на ЕУ во Азербејџан.
Говорејќи на приемот, Алиев истакна дека тесно соработуваат со ЕУ за многу прашања и рече дека сметаат дека ЕУ може да придонесе за воспоставување развој, траен мир и соработка во периодот по војната во Карабах.
Претседателот на Азербејџан, Алиев, рече:
„Сакаме да свртиме нова страница и да воспоставиме односи со нашиот сосед Ерменија. Подготвени сме да започнеме преговори за мировен договор, одбележување на граничната линија и започнување на комуникации. Овој процес делумно започна. Но ако Европската Унија активно учествува, гледам таква желба, ќе ни помогне во многу области. Ситуацијата во Јужен Кавказ генерално може да се префрли на сосема нова димензија која ја нема веќе 30 години. Ова може да биде многу важен фактор за стабилност, предвидливост и мир.“