Ömer Tuğrul Çam
15 Април 2021•Ажурирај: 15 Април 2021
БРИСЕЛ
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, се вакцинира против новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Фод дер Лејен информацијата ја потврди преку објава на социјалните мрежи.
„Среќна сум што денеска ја примив првата доза на вакцината против Ковид-19, откако бројот на вакцинации во ЕУ надмина 100 милиони“, рече таа.
Според неа, ќе се забрзува процесот на испорака на вакцините, како и вакцинациите во ЕУ.
„Колку брзо ќе се вакцинираме, толку побрзо ќе ја земеме пандемијата под контрола“, нагласи Фон дер Лејен.
Шеесет и двегодишната Фон дер Лејен сподели и фотографија од моментот на вакцинирањето.