свет

Три земји во Европа ги попуштаат мерките за ограничување воведени поради коронавирусот

Властите на Швајцарија ја објавија оваа одлука иако бројот на случаи на заразени со Ковид-19 не покажа некаков значителен пад.

Rabia İclal Turan  | 15.04.2021 - Обновена : 19.04.2021
Три земји во Европа ги попуштаат мерките за ограничување воведени поради коронавирусот

АНКАРА

Белгија, Швајцарија и Данска објавија дека постепено ќе ги попуштаат мерките за ограничување, кои беа воспоставени во текот на изминатите месеци, со цел спречување на ширењето на вирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Швајцарската Влада објави дека од наредниот понеделник ќе биде дозволено да се седи на маси на отворено во ресторани и барови. Културните и спортските настани ќе бидат отворени за публиката под одредени услови. Бројот ќе биде ограничен на 100 гости за настаните на отворено и 50 гости за настаните на затворено.

Властите на Швајцарија ја објавија оваа одлука иако бројот на случаи на заразени со Ковид-19 не покажа некаков значителен пад.

Во Швајцарија вчера беа регистрирани 2.601 нов случај на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на заразени во земјата изнесува 627.968.

Околу 1,12 милиони луѓе или речиси 13 отсто од вкупната популација во Швајцарија ја примија вакцината против Ковид-19.

- Белгија -

Белгискиот премиер Александер де Кро изјави дека на баровите и рестораните, почнувајќи од 8 мај, ќе им биде дозволено да ги отворат своите тераси, нагласувајќи дека бројот на заразени на дневно ниво опаѓа.

Забраната за патувања кои не се од значајна потреба во рамките на ЕУ, исто така, ќе заврши следниот понеделник, додека училиштата повторно се отвораат.

Продавниците од несуштинско значење, фризерниците, салоните за убавина, исто така, ќе имаат право да ги отворат вратите на 26 април.

Околу 1,93 милиони лица или 16,6 отсто од популацијата во Белгија ја примија вакцината против Ковид-19.

- Данска -

Данската Влада најави попуштање на ограничувањата за меѓународно патување во фази од 12 април до 26 јуни.

Планот со четири фази, кој се однесува на патување до и од земјите во ЕУ, вклучува постепено укинување на карантинот за патниците во зависност од тоа од каде потекнуваат. Од патниците се бара да покажат негативен ПЦР-тест кога влегуваат во земјата.

Речиси 977.000 лица или 16, 8 отсто од популацијата во Данска ја примија вакцината против Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.