Dildar Baykan
30 Април 2021•Ажурирај: 01 Мај 2021
ВАШИНГТОН
Американскиот претседател Џо Бајден на 21 мај во Вашингтон ќе се состане со јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Белата куќа, Јен Псаки соопшти дека Бајден се радува на средбата со претседателот на Јужна Кореја на 21 мај 2021 година.
Псаки изјави дека посетата на Мун на Белата куќа уште еднаш ќе го покаже силното партнерство меѓу САД и Јужна Кореја и широките и длабоки врски меѓу владата, народот и економијата на двете земји.
Таа додаде дека Бајден нетрпеливо ја очекува средбата со Мун за да разговара за јакнењето на партнерството и соработката на двете земји.
Премиерот на Јапонија, Суга Јошихиде, беше првиот лидер кој се состана со Џо Бајден, кој на 20 јануари 2021 година ја презеде функцијата претседател на САД. Состанокот е одржан на 16 април во Белата куќа.
Така, Мун ќе биде вториот лидер со кој Бајден ќе се состане во Белата куќа.
Првите посети во странство на министерот за надворешни работи на САД, Ентони Блинкен, и министерот за одбрана, Лојд Аустин, беа токму во Јужна Кореја и Јапонија.