Aşkın Kıyağan
21 Јануари 2018•Ажурирај: 22 Јануари 2018
ПРАГА (АА) - Претседателот на политичката партија „Акција на незадоволни граѓани“ (ANO) и премиер на Чешка, Андреј Бабиш, поднесе оставка откако не доби доверба на седницата на националното Собрание на Чешка, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Бабиш на медиумите им изјави дека поднесува оставка бидејќи малцинската влада што ја формирал не го добила потребното мнозинство во Парламентот.
Тој наведе дека побарал средба со претседателот на Чешка, Милош Земан, за официјално да му ја предаде писмената оставка.
Од друга страна, се очекува претседателот Земан да му даде втора шанса на Андреј Бабиш за формирање влада која ќе добие доверба во Парламентот.
На вчерашната седница на националниот Парламент во Чешка, малцинската влада формирана од страна на партијата АНО освои 78 гласови „за” и 117 гласови „против”, со што не успеа да добие довербата во Парламентот.