свет

Прекинот на огнот во Газа овозможи повторно отворање на Банката на Палестина

Банката продолжува со работа по прекинот на огнот, но сериозните структурни оштетувања и ограниченото снабдување со готовина создадоа нови проблеми

Elena Trenchevska Chekovic  | 09.11.2025 - Обновена : 10.11.2025
Прекинот на огнот во Газа овозможи повторно отворање на Банката на Палестина

СКОПЈЕ (АА) – Банката на Палестина повторно се отвори во Газа, по две години, која беше затворена поради израелските напади и блокада во енклавата, јавува Анадолу.

Неколку филијали во градот Газа, Кан Јунис и Рафа беа оштетени или уништени. Долгото затворање ги принуди жителите да се потпираат на електронски апликации со високи стапки на провизија.

Банката продолжи со работа по прекинот на огнот, но сериозните структурни оштетувања и ограниченото снабдување со готовина создадоа нови проблеми.

Есма ал-Лада, која чекаше во ред со часови, рече: „Немаме готовина во Газа. Само луѓето што имаат роднини надвор можат да примат пари. Посредниците наплаќаат многу високи провизии. Се надевам дека овој проблем наскоро ќе се реши“, рече таа.

Друг жител, Нуман Рејхан, исто така говореше за потешкотиите: „Чекаме со часови. Ни треба готовина за храна и лекови. Животот е многу тежок“, рече тој.

Израел уби повеќе од 69.000 Палестинци, претежно жени и деца, повредени се над 170.600, а околу 9.500 се водат како исчезнати. Се смета дека многумина се заробени под уништените домови или сè уште се водат како исчезнати во нападите во Газа од октомври 2023 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.