Aynur Şeyma Asan
03 Ноември 2024•Ажурирај: 04 Ноември 2024
ЊУЈОРК (АА) - Претседателските избори во Соединетите Американски Држави (САД) ќе се одржат на 5 ноември, а досега на предвременото гласање своето гласачко право го искористија над 75 милиони гласачи, известува Анадолу.
Одделот за избори на Универзитетот во Флорида го објави бројот на гласачи кои предвремено гласале.
Во соопштението се наведува дека досега ширум САД предвремено гласале над 75 милиони граѓани.
Од 75 милиони Американски кои веќе го искористија своето право на глас, повеќе од 40 милиони гласале лично, а околу 34 милиони Американци гласале по пошта.
На претседателските избори во 2020 година во САД, на кои право на глас имаа околу 244 милиони гласачи, регистриран е рекорден одѕив од 66,6 %, при што гласаа речиси 159 милиони луѓе.
Предвременото гласање во САД ќе продолжи до денот на изборите во повеќе сојузни држави.
Актуелниот американски претседател Џо Бајден предвремено гласаше во неговиот роден град Делавер.
На претстојните претседателки избори во САД учествуваат демократската кандидатка Камала Харис и републиканскиот кандидат Доналд Трамп.
Изборите во Соединетите Американски Држави ќе се одржат во вторник, 5 ноември 2024 година.
Победникот на изборите ќе ѝ служи на САД во следните четири години во Белата куќа, почнувајќи со инаугурацијата што ќе се одржи на 20 јануари 2025 година.