Jeyhun Aliyev
09 Февруари 2020•Ажурирај: 10 Февруари 2020
БАКУ (АА) - Гласачите во Азербејџан денес избираат членови на Парламентот на предвремени избори во земјата, а гласачките места ќе бидат отворени до 19:00 часот (1500 GMT), јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно 1.314 кандидати, од кои речиси 300 жени, се натпреваруваат за пратеничките места во таа касписка држава.
Над 5,3 милиони регистрирани гласачи треба да изберат 125 членови на Мили Меџлис или Националното собрание.
Изборите ги покриваат над 130 меѓународни медиуми од 47 држави, а над 77.000 локални и 883 странски набудувачи се акредитирани за следење на изборите.
Земјата има околу 5.500 избирачки места на национално ниво, со околу 1.000 од нив опремени со посебен систем на веб-камери преку кои се следат директно на веб-страницата на Централната изборна комисија.
Ова се шести парламентарни избори во Азербејџан по добивањето независност во 1991 година, по распадот на Советскиот Сојуз.
Регуларно парламентарните избори оваа година требаше да се одржат во ноември.