свет

Почнува Самитот на лидерите на ЕУ: Северна Македонија и Албанија во фокусот на вниманието

Во Брисел почнува дводневниот Самит на лидерите на ЕУ, на кој меѓу темите за кои ќе се дискутира ќе биде започнување преговори за членство со Северна Македонија и Албанија

Diyar Güldoğan  | 16.10.2019 - Обновена : 17.10.2019
Почнува Самитот на лидерите на ЕУ: Северна Македонија и Албанија во фокусот на вниманието

БРИСЕЛ (АА) - Во Брисел започнува дводневниот Самит на лидерите на ЕУ, на кој меѓу темите за кои ќе се дискутира ќе биде започнување преговори за членство со Северна Македонија и Албанија, јавува Anadolu Agency (AA).

Самитот, на кој ќе се соберат лидери на 28-те земји членки на ЕУ, ќе биде фокусиран на Брегзит, климатските промени, финансиските проблеми и приоритети на Европската комисија со избраната претседателка Урсула фон дер Лејен, која ќе ја преземе должноста на 1 ноември.

Лидерите, исто така се очекува да дискутираат за истражувањето и активностите со сондажа на Турција во Источниот Медитеран, тековната турска операција „Извор на мирот“ во северна Сирија, која е започната минатата среда, со цел елиминирање на терористите на ЈПГ/ПКК од регионот источно од Еуфрат за да се обезбеди турската граница и да се помогне во безбедното враќање на сириските бегалци, како и да се обезбеди сирискиот територијален интегритет.

Европските лидери ќе донесат конечна одлука за назначувањето на Кристин Лагард за нов шеф на Европската централна банка.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın