Hilal Uştuk
30 Јуни 2018•Ажурирај: 01 Јули 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Проф. д-р Фуат Сезгин, научник кој својот живот го посвети на историјата на исламските науки, почина во 94-тата година, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Управниот одбор на Фондацијата за истражување на историјата на исламските науки, Меџит Четинкаја, потврди дека проф. д-р Сезгин починал во болницата во која бил на лекување поради здравствени проблеми.
„Многу сум тажен поради смртта на еден ваков вреден човек, независно колку години имал“, изјави Четинкаја.
Фуат Сезгин е роден во 1924 година во Битлис. Во Ерзурум завршил основно и средно училиште, а во 1943 година заминува во Истанбул. Бил ученик на германскиот ориенталист Хелмут Ритер, кој бил истакната личност на Институтот за истражување на ориенталистика на Универзитетот во Истанбул.
Откако во 1951 година дипломирал на Факултетот за книжевност во Истанбул, докторирал на Отсекот за арапски јазик и книжевност.
Веќе во ’60-тите години ја напушта Турција и преминува на Универзитетот во Франкфурт. Зборувал 27 јазици.
Објавил многу дела во областа на историјата на исламските науки, меѓу кои се истакнува „Науката и техниката во исламот“, капитално дело во пет тома, кое го напишал на германски јазик.