Ekip
03 Март 2018•Ажурирај: 04 Март 2018
КУАЛА ЛУМПУР (AA) - Малезиските функцонери соопштија дека потрегата по авионот на „Малезија Ерлајнс" (Malaysia Airlines) на летот 370, кој го води една американска компанија најверојатно ќе биде завршена во јуни ова година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Оваа година во јуни, семејствата на жртвите ќе ја одбележат четвртата годишнина по исчезнувањето на тој авион со надеж дека најголемата светска светска мистерија на исчезнување на авионот ќе биде решена.
Малезија во јануари оваа година постигна договор со фирмата „Океан Инфинити" (Ocean Infinity) од Хјустон, за да биде продолжена потрагата по авионот, година дена откако официјалната акција која ја водеа Малезија, Австралија и Кина во јужниот Индиски океан ќе биде завршена.
Авионот исчезна на 8 март во 2014 година на летот од Куала Лумпур кон Пекинг, а во него се наоѓаа 239 лица.
Шефот на малезиската авијација Азхарудин Абдул Рахман, изјави денеска дека потрагата напредува полека, како и дека се очекува да биде завршена до средина на јуни.