Mehmet Akif Turan
25 Март 2023•Ажурирај: 27 Март 2023
ТУНИС (АА) - При потонување на чамец со нерегуларни мигранти во близина на тунискиот брег, што тргнале на пат за Италија, како исчезнати се водат 34 лица, а 4 се спасени, известува Анадолу.
Февзи Месмуди, службеник на судот во Сфакс, во обраќањето пред медиумите рече дека последните денови е зголемен бројот на обиди за нерегуларни миграции.
„Чамецот што потона е петти што потона во последните 48 часа. Четири лица кои паднале во морето од чамецот се спасени од страна на безбедносните сили. Во тек се операции за пребарување и спасување на 34 лица кои се наоѓале во чамецот“, рече Месмуди.
Луѓето кои бегаат од судирите или сиромаштијата често тргаат на пат со чамци од тунискиот брег кон Европа, иако централниот Медитеран е една од најопасните миграциски рути на светот.