Ahmed Asmar
25 Ноември 2024•Ажурирај: 27 Ноември 2024
КАИРО (АА) - Египетските власти денес соопштија дека 28 лица се спасени откако туристички брод потона во близина на брегот на Црвеното Море во земјата, јавува Анадолу.
Бродот потонал утринава во близина на крајбрежниот град Марса Алам додека превезувал 45 лица, односно 31 турист и 14 членови на екипажот, за излет со нуркање.
„Дваесет и осум лица се спасени“, изјави гувернерот на Црвеното Море, Амр Ханафи, без да ја прецизира нивната националност.
Тој додаде дека сѐ уште се трага по 17 лица.
Ханафи рече дека фрегата и авион ја пребаруваат областа за преживеани лица, во координација со поморските сили.
Коралните гребени и морскиот свет во Црвеното Море во Египет се популарна дестинација за нуркање.