Atila Altuntaş
14 Мај 2018•Ажурирај: 16 Мај 2018
СТОКХОЛМ (АА) - Наближува муслиманскиот месец на постот - Рамазан, во кој припадниците на муслиманската вероисповед постат во периодот од изгревањето на сонцето, па сè до неговото заоѓање, пишува Anadolu Agency (AA).
Сепак, како и секоја година, и овој пат, муслиманите во некои делови од светот ќе постат значително подолго од оние во останатите делови во светот. Така, на пример, постот на муслиманите во шведскиот град Кируни ќе трае меѓу 20 и 22 часа.
Муслиманите што живеат во Кируни првиот ден од месецот Рамазан ќе постат 19 часа и 53 минути, додека последниот ден, постот ќе трае 21 час и 58 минути.
Слична должина на постот ги очекува и муслиманите кои живеат во норвешкиот град Тромс. Првиот ден, постот ќе трае 19 часа и 50 минути, додека последниот ден, времетраењето на постот ќе изнесува 21 час и 48 минути.
Нешто пократок постот ќе биде на Исланд, во Рејкјавик, каде што првиот ден на Рамазан, тој ќе биде во должина од 19 часа и 11 минути, додека последниот ден, ќе биде во времетрење од 21 час и 48 минути.
„Оваа година месецот на Рамазан се совпаѓа со средината на месец мај, поради што муслиманите во Стокхолм во Шведска, Хелсинки во Финска и Копенхаген во Данска во почетокот ќе постат околу 19 часа. Кон крајот на месецот Рамазан, должината на постот ќе достигне до 22 часа“, појасни Џихат Кулај, имам на џамијата „Фитја Улу“ во Стокхолм.
Тахир Акан, претседател на Исламската федерација во Шведска, изјави дека постот во северните земји трае подолго, но бидејќи температурите на воздухот не се толку високи, овозможуваат полесен пост.