Dzihat Aliju
24 Мај 2025•Ажурирај: 27 Мај 2025
- Џихат АЛИЈУ
Македонскиот град Кратово ги носи посетителите на патување во минатото со историските камени мостови и саат-кулата изградена за време на османлискиот период, јавува Анадолу.
Градот, за кој се вели дека во минатото имал 17 моста и 12 кули, денес ги носи своите посетители на патување во минатото со шесте моста и шесте кули што преживеале до ден-денес.

Нудејќи им на посетителите увид во еден средновековен град, Кратово е познато како една од пионерските рударски населби за време на османлискиот период.
Различни извори тврдат дека во Кратово била отворена ковачница за пари за време на владеењето на османлискиот султан Бејазит II (1481-1512), таму се ковеле златни и сребрени монети, а оваа ковачницата активно работела околу 150 години.
- Мостовите на Кратово
Постојат шест историски камени мостови: Рада, Горноамамски, Грофчански, Чаршиски, Јоркиширски и Аргулички, кои се наредени како ѓердан и се зачувани до ден-денес, над реката Табачка или Кратовска, како што е позната денес, која тече низ градот. Познато е дека историските мостови се изградени во 18 и 19 век.
Најпознатиот од нив, Радин мост, се издвојува и по својата народна легенда.

Легендата за Радин мост е раскажана вака: „Додека деветмина браќа го граделе мостот, забележале дека се урива во текот на ноќта. Една ноќ браќата се договориле која од нивните сопруги и да им донесе храна следниот ден, да го изградат ѕидот на мостот врз неа. Осуммина од деветте браќа ги информирале своите сопруги, но најмладиот брат заборавил да ѝ каже на својата сопруга Рада. Следниот ден кога браќата ја виделе Рада како им носи храна, го изградиле мостот кревајќи го ѕидот над нејзиното тело. Кога мостот не се урнал, го добил името по Рада.“
- Кулите на Кратово
Кратово, познато и по своите кули, привлекува многу посетители со малата историска чаршија украсена со калдрма.
Малиот и тивок град има и саат-кула што е зачувана недопрена до ден-денес.

Изворите тврдат дека саат-кулата е изградена за време на османлискиот период, а во своите граници градот, исто така, ги има и кулите на Емин-бег, Симиќева, Златкова и Крстева.
Кратово, со карпестите формации наречени „Камени кукли“ лоцирани во селото Куклица во близина на градот, како и Цоцев камен, вулканска карпа што се користела како мегалитска опсерваторија во праисторијата, го привлекува вниманието на љубителите на историја.