Sinan Doğan
13 Мај 2022•Ажурирај: 16 Мај 2022
БОГОТА - Единаесет лица починаа во близина на западниот брег на Порторико при потонување на мал брод кој превезувал мигранти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во националните медиуми, мал брод со мигранти кои по илегален пат се обидувале да заминат за САД, се превртел во близина на западниот брег на Порторико.
Во несреќата починале 11 лица, а 31 се спасени.
Во вестите се наведува дека во тек се спасувачки активности. Властите се загрижени од можното зголемување на смртните случаи.