Alperen Aktaş
19 Декември 2024•Ажурирај: 21 Декември 2024
КИРКУК (АА) - Војниците на соборениот режим на Башар ал-Асад, кои побегнаа во Ирак, ќе почнат да се враќаат во Сирија од денес, изјави претставник на ирачкото Министерство за одбрана, пренесува Анадолу.
Процесот на репатријација на војниците ќе биде започнат од релевантните власти во Ирак и ќе се спроведе во координација со сириската страна, објави државната ирачка новинска агенција ИНА, цитирајќи го портпаролот на Министерството за одбрана, Микдад Мири.
Околу 2.000 воени лица побегнаа во Ирак преку граничниот премин Ал-Каим на 7 декември по падот на режимот.