свет

Поранешниот претседател на израелскиот Кнесет: „Трамп ја стопираше анексијата на Западниот Брег“

„Многу тешко, ако не и невозможно, да се постават очекувања во врска со анексијата, затоа што нема транспарентност во овој план, никој не ги знае неговите детали“

Ekipa  | 05.07.2020 - Обновена : 06.07.2020
Поранешниот претседател на израелскиот Кнесет: „Трамп ја стопираше анексијата на Западниот Брег“

АНКАРА (АА) - Поранешниот претседател на Кнесетот (израелскиот Парламент), Абрахам Борг, истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп го стопирал израелскиот план за анексија на делови од окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во интервјуто за италијанскиот весник „Ил фато квотидијано“ (Il Fatto Quotidiano), Борг изјави дека Трамп го запрел спроведувањето на планот за анексија бидејќи „тој нема време да му помогне на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во спроведувањето на анексијата на Западниот Брег и Јорданската Долина“.

Тој рече дека и Нетанјаху и Трамп страдаат од „нарцисоидна параноја, без скрупули и етика, и се подготвени да газат преку секого за да се спасат и да останат на власт“.

На прашањето за друг очекуван датум за спроведување на планот за анексија, Борг рече дека е „многу тешко, ако не и невозможно, да се постават очекувања во врска со анексијата, затоа што нема транспарентност во овој план, никој не ги знае неговите детали“.

Нетанјаху вети дека ќе започне со анектирање на сите населени блокови и Јорданската Долина во окупираниот Западен Брег од 1 јули.

Овој потег, сепак, се чини дека наиде на пречка поради критиките за планот од меѓународната заедница, како и поради разликите со американската администрација за неговата примена.

Според меѓународното право, Западниот Брег и Источен Ерусалим се сметаат за окупирани територии, а сите активности за градење еврејски населби за нелегални.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.