Hakan Çopur
24 Април 2019•Ажурирај: 25 Април 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден утре ќе ја објави својата номинација за претседателски кандидат на демократите за изборите во 2020 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Долгогодишниот сенатор, 77-годишниот Бајден, кој осум години беше во администрацијата на претседателот Барак Обама, ќе се приклучи на долгата листа од скоро 20 кандидати кои сакаат номинација од демократите во трката против републиканскиот претседател Доналд Трамп.
Бајден својата номинација треба да ја објави преку видеоснимка и официјално да потврди дали ќе го предизвика Трамп, кој беше избран за претседател по Обама, по победата над кандидатката на демократите Хилари Клинтон, на изборите во 2016 година.
Бајден во 1998 и 2008 година беше кандидат на изборите за претседател на САД, но тогаш не беше избран за највисоката функција во државата.