Kasım İleri
13 Јули 2022•Ажурирај: 14 Јули 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Поранешниот советник за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, во репортажа за една телевизија се опиша себеси како „човек кој помогнал во планирањето државни удари во други земји“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Болтон, кој гостуваше во специјална емисија на „Си-ен-ен“ (CNN), во однос на упадот на Конгресот на 6 јануари, даде интересна исповед.
Се случи расправија меѓу водителот на „Си-ен-ен“, Џејк Тапер и Џон Болтон во врска со прашањето дали поранешниот американски претседател Доналд Трамп не ги прифатил изборните резултати и се обидел да изврши државен удар на 6 јануари.
Болтон, во однос на настаните од 6 јануари кои се опишуваат како „внимателен испланиран пуч“, рече дека Трамп не функционира на тој начин и дека лесно преминува од едно мислење на друго.
Водителот Тапер на тоа одговори: „Не треба да си исклучително паметен за да направиш државен удар.“
Болтон, пак, нагласи:
„Како човек кој помогнал во планирањето пуч, не овде, туку во други земји, не се согласувам со тоа. За тоа е потребно многу работа. Тој не го правеше тоа. Преминува од едно мислење на друго. На крајот, тој им го отвори патот на бунтовниците да влезат во Конгресот, но не за да го урнат Уставот.“