Murat Karadağ
14 Јануари 2017•Ажурирај: 15 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Поранешниот гувернер на сојузната држава Монтана, Дени Рехберг предупреди на опасноста од терористичката организација ФЕТО и изјави дека Соединетите американски држави (САД) имаат одговорност на Турција да и го испорачаат лидерот на организацијата, Фетула Ѓулен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американскиот весник „The Hill" објави статија на Рехберг во која тој се осврнува на терористичката органзиација ФЕТО. Рехберг порача дека се додека Фетула Ѓулен не биде депортиран од САД, ФЕТО ќе биде закана за стабилноста на САД, Турфција и нивните сојузници.
Тој истакна дека САД и новоизбраниот претседател Доналд Трамп имаат одговорност кон своите сојузници.
„Една од нашите одговорности е испорака на Ѓулен на Турција, односно соработка со нашиот НАТО сојузник, претседателот на Турција Ердоган и давање поддршка во заштитата на стабилноста на Турција”, порача Рехберг.
Рехберг истакна дека останале голем број на нетретирани проблеми од осумгодишниот мандат на претседателот на САД, Барак Обама и дека сите тие ги чекаат претседателите Трамп и Ердоган, а дека најважен од сите е проблемот околу ФЕТО и испораката на Ѓулен.
Поранешниот гувернер на сојузната држава Монтана Рехберг нагласи дека Ѓулен го предводел неуспешниот обид за државен удар на 15. јули.
„Од тој тежок ден досега, САД по прашањето за испорака на Ѓулен не направи ништо”, нагласи Рехберг и додаде дека американската страна не направила ништо и покрај сите официјални барања на Турција, сите докази за Ѓулен упатени од страна на министерството за правда на Турција и посетата на Вашингтон од страна на министерот за правда на Турција Бекир Боздаг во октомври минатата година.
Рехберг нагласи и дека односите меѓу Турција и САД се многу значајни кога е во прашање безбедноста и кризата во регионот. Тој порача дека немирите од Сирија и Ирак се прошириле и на територијата на Турција, со што станале глобален проблем.
Рехберг укажа на, како што рече „плодоносните” односи меѓу Турција и САД во последните 50 години и додаде дека „никогаш претходно не биле покритични односите меѓу САД и Турција”.
На крајот Рехберг порача дека САД и Турција како две земји-сојузници требаат да бидат една покрај друга, да го покорат тероризмот и да воспостават сигурност во регионот.
„Во таа насока, САД и Турција мораат да изнајдат решение за проблемот со ФЕТО. Ѓулен и ФЕТО работат на дестабилизација на Турција на секој можен начин, вклучувајќи и инфилтрирање на свои луѓе во државните институции и напаѓање на жителите на оваа држава. Доколку Ѓулен не биде испорачан, ФЕТО ќе продолжи да биде опасност за Турција, сојузниците, а со самото тоа и на САД”, се наведува во статијата на поранешниот гувернер на сојузната држава Монтана, Дени Рехберг.