Saadet Firdevs Aparı
19 Јуни 2022•Ажурирај: 20 Јуни 2022
ГУВАХАТИ (АА) - Најмалку 62 лица загинаа во поплавите што во изминатите неколку дена го зафатија североисточниот дел на индиската покраина Асам, известува Агенција Анадолија (АА).
Локалните власти соопштија дека спасувачките екипи се на терен и денес пронашле тела на осум жртви од поплавата, со што вкупниот број на починати од почетокот на поплавите се зголеми на 62.
Поплавите и силните водени буици предизвикаа излевање на водите од коритото на Брамапутра, една од најголемите реки во Азија.
Дирекцијата за управување со катастрофи на Асам (ASDMA) информираше дека поплавите се регистрирани во 32 од вкупно 35 окрузи во покраината и додаде дека приближно 110.000 лица се префрлени на безбедни места.