Muhammet Kurşun
03 Април 2019•Ажурирај: 04 Април 2019
ТЕХЕРАН
Претседателот на Институтот за судска медицина на Иран, Ахмед Шуџаи, соопшти дека досега поплавите во земјата предизвикале смрт на 62 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Шуџаи во изјавата за локалните медиуми истакна дека во катастрофалните поплави во градот Шираз, во иранската покраина Фарс, загинале 21 лице, во покраината Лористан 14, во покраината Голестан 8, во Мазендеран и Хамадан по 5, Северен Хорасан 3, во Кохкилуех и Бујер Ахмад 2 и по едно лице во покраините Разави Хорасан, Семнан, Хузестан и Керманшах.
Од друга страна, во југозападниот дел на Иран, поради опасноста од прелевање на браните „Дез“ и „Керха“ во покраината Хузестан, е прогласена вонредна состојба во подрачјето и се испразнети 96 села од регионот.
Веќе две недели Иран е зафатен од обилни врнежи од дожд, кои предизвикаа катастрофали поплави во земјата, одземајќи човечки животи и предизвикувајќи големи штети.
Портпаролот на Институтот за итна помош на Иран, Муџтеба Халиди, вчера соопшти дека катастрофалните поплави предизвикале смрт на 57 лица, а 478 се повредени.