Selçuk Acar
06 Мај 2017•Ажурирај: 07 Мај 2017
ЊУЈОРК (АА) - Поројните дождови ко ги зафатија централните и југоисточните делови на САД предизвикаа поплави во кои досега животот го загубија најмалку 11 лица. Се соопштува дека е направена материјална штета поголема од 1 милијарда долари.
Интензивните врнежи од дожд во сојузните држави Арканзас, Илиноис, Луизијана, Индијана и Мисури предизвикаа поплави во кои животот го загубија 11 лица. Истовремено од полавите е направема материјална штета во висина поголема од 1 милијарда долари.
Метеоролозите предупредија дека денеска сабота ќе се интензивираат врнежите од дожд во околината на реката Мисури и околината на градот Ст. Луис, кој се наоѓа на реката Мисисипи.
Американскиот центар за контрола и превенција на болести (CDC) издаде соопштение во ворска со настраданите лица од поплавата. Во соопштението се вели дека поголемиот дел од загинатите се лица кои поплавата ги зафатила во нивните возила.
- Врнежите од дожд влијаеја врз сообраќајот во Њујорк и Њу Џерси
Интензивните врнежи од дожд предизвикувајќи поплави и во државите Њујорк и Њу Џерси, беа причина и за доцнења во авиосообраќајот.
Во Њујорк е поплавена една од главните железничката станица Penn Station (Пен стејшн), додека во Менхетн, еден дел од автопатот West Side (Вест сајд), кој се протега долж течението на реката Хадсон, беше затворен за сообраќај во двете насоки.
Даден е аларм за можни поплави и во подрачјата Бруклин, Квинс и Стејт Ајланд во Њујорк, и поголем дел од подрачјата на Њу Џерси.