Adem Şalvarcıoğlu
18 Јуни 2018•Ажурирај: 19 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Бројот на загинати во поплавите предизвикани од монсунските дождови во индиската сојузна држава Асам, во североисточниот дел на земјата, се искачи на 21 лице, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на индискиот ТВ-канал „NewsX“, монсунските дождови кои веќе пет дена паѓаат во регионот, предизвикаа поплави во подрачјето.
Се вели дека досега се извлечени 21 тело од водите, додека 716 села останале под вода.
Исто така се истакнува дека илјадници лица биле евакуирани во безбедни подрачја.
Од Метеоролошкиот завод предупредуваат дека дождовите ќе продолжат.