Hakan Çopur
18 Јануари 2021•Ажурирај: 19 Јануари 2021
ВАШИНГТОН
Американскиот државен секретар Мајк Помпео упати повик до Русија да го ослободи опозицискиот активист Алексеј Навални, кој синоќа беше уапсен откако слета во Москва, јавува Агенција Анадолија (АА).
Помпео ја упати пишаната изјава во врска со апсењето на Навални и изнесе критики на сметка на Москва.
„Соединетите Американски Држави најостро го осудуваат руското притворање на Алексеј Навални. Бараме негово итно и безусловно пуштање на слобода“, изјави Помпео, истакнувајќи дека за време на изборниот процес би требало да се отвори простор на сите политички партии и кандидати во Русија.
На Навални кој со авион од рускиот Томск тргна кон Москва, на 20 август 2020 година му се слошило за време на летот поради што авионот слетал во Омск, каде е и хоспитализиран. Потоа се појави информација дека е отруен со супстанца која му била ставени во чај.
Од Омск потоа е префрлен во Берлин. По лекувањето во главниот град на Германија, Навални синоќа, по доаѓањето во Москва е уапсен на аеродромот.