Safvan Allahverdi
06 Ноември 2018•Ажурирај: 06 Ноември 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, во Њујорк ќе го прими потпретседателот на Централниот комитет на Северна Кореја, Ким Јонг Чол, а главна тема на разговорот ќе биде процесот на денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Стејт департментот, Хедер Нојерт, соопшти дека Помпео со вториот највлијателен официјален претставник на Северна Кореја ќе се состане на 8 ноември, а на состанокот ќе присуствуваат и специјалниот американски пратеник за Северна Кореја, Стивен Биган.
„На состанокот ќе биде разговарано за процесот на имплементација на четирифазниот договор кој е постигнат на самитот на лидерите на двете земји во Сингапур“, се наведува во соопштението.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, во јуни се состана со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, во Сингапур и постигна принципиелен договор за завршување на корејската криза со денуклеаризација и релаксација на односите во регионот.