Enes Duran
27 Април 2016•Ажурирај: 28 Април 2016
КИТО (АА) - Турското министерство за катастрофи и управување со вонредни состојби (AFAD) подготви помош за загрозените од земјотресот во Еквадор, јавува Anadolu Agency (AA).
Хуманитарните екипи на министерството продолжуваат со работа по катастрофалниот земјотрес кој се случи во Еквадор и во соработка со одговорните лица од Еквадор денеска ќе ги распределат подготвените пакети со помош за најзагрозените на подрачјето на Калкета, Портовиехо и Манта. Камионите со помош ќе бидат следени од безбедносните сили на Еквадор.
Член на екипата за помош од турското министерство, Умут Кумру, изјави дека на загрозените ќе им бидат поделени 1.500 хигиенски комплети и над 1.500 пакети храна.
Кумру соопшти дека училиштата кои биле погодени од земјотресот, лоцирани во близина на крајбрежјето, ќе добијат мобилни тоалети и средства за чистење и додаде дека вредноста на помошта изнесува преку 1 милион лири (околу 340.000 евра).
„Пакетите со помош во храна се подготвени според локалниот начин на живот и според информациите од одговорните лица во Еквадор. Тие содржат конзерви со риба, ориз, зелена тарана, макарони, млеко во прав, сол, шеќер, додека хигиенските пакети содржат пелени, влажни марамици, паста и четка за заби, сапун и основни средства за хигиена”, соопшти Кумру.