Ahmet Gençtürk
19 Јули 2022•Ажурирај: 20 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Полска ја прими испораката на првата серија тенкови М1 Абрамс од американско производство, објавија локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Серијата вклучува седум тенкови и две возила за поддршка на кои ќе се обучува полски тенковски екипаж, соопшти државната новинска агенција ПАП, цитирајќи го министерот за одбрана Мариуш Блашчак.
Тенковите, во нивната постара верзија, ќе се користат за обука која ќе започне во август, пред договорените 250 нови тенкови да пристигнат во Полска, што се очекува на почетокот на 2023 година.
Земјата на 5 април потпиша договор во вредност од речиси 4,75 милијарди долари за купување на 250 борбени тенкови MA12 SEP од САД по договорот од декември 2020 година со Вашингтон за 32 авиони Ф-35.
Исто така, Полска склучила договор со САД за купување на уште 116 користени тенкови М1 Абрамс.
Тенковите Абрамс ќе оперираат во близина на источната граница на Полска „за да одвратат агресор“, нагласи Блашчак, според ПАП.
Блашчак во јуни рече дека Полска е на пат да формира нови единици на копнените сили и да купи модерно оружје, вклучувајќи ги и системите за противвоздушна одбрана Патриот, борбени авиони Ф-35, тенкови М1А2 Абрамс и Ракетни системи за висока мобилност (HIMARS) од САД, вооружени беспилотни летала Бајрактар од Туркије и тенковите К2 Блек Пантер од Јужна Кореја.