Ekipa
12 Јуни 2016•Ажурирај: 13 Јуни 2016
МАДРИД (АА) - Полицијата во Франција и Парагвај уапси 14 лица и ослободи 15 жени во рамките на заедничката акција против сексуалната експлоатација, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шпанската полиција во денешното соопштение, рече дека уапсила девет лица во градот Памплона, поради обвинение за сексуална експлоатација и ослободила четворица државјани на Парагвај, за кои се верува дека биле експлоатирани.
Меѓу уапсените се тројца шефови на меѓународна криминална организација со седиште во градот Сиудад дел Есте, во близина на границата со Парагвај, Бразил и Аргентина.
Се наведува дека операцијата започнала минатата година, откако една од жените се јави на шпанската телефонска линија за помош на жртвите од трговија со луѓе.